Македонскиот репрезентативец ќе остане во сино-белиот дрес и во сезоната 2026/27, која ќе биде негова седма во редовите на аеродромци. Во кариерата со МЗТ Скопје освои три шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, а во меѓувреме настапуваше и за ТФТ, Гостивар, Работнички и Пелистер.
Во клубот веруваат дека 29-годишниот крилен центар ќе биде еден од носителите на играта во борбата за нови домашни трофеи, како и во настапите во АБА2 лигата и ФИБА Европа купот.
Маслинко е уште едно име кое останува во тимот, по претходно продолжените договори со Дамјан и Војдан Стојановски. Летово МЗТ Скопје ги засили редовите и со Лука Стојановски, Никола Василевски и Емир Крајиниќ, додека под договор останува и Андреј Андоноски.





