вторник, 21 јули 2026

Шампионска парада во Мадрид, два милиони навивачи ги пречкаа хероите на Шпанија (ВИДЕО)

Светските шампиони пристигнаа во својата татковина, по што веднаш почна традиционалната парада низ градот на која беа поздравени од шпанските навивачи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на шпанските медиуми, на улиците во Мадрид излегле околу два милиони навивачи за да ги поздрават светските шампиони.

Играчите и стручниот штаб најпрво беа пречекани од кралот Фелипе и неговото семејство во палатата Зарзуела. Во посебен момент надвор од вообичаениот протокол, кралот лично му честиташе и го прегрна младиот талент Ламин Јамал, покажувајќи голема почит кон новата ѕвезда на шпанскиот фудбал.

По средбата со кралското семејство, светските шампиони продолжија кон палатата Монклоа, каде што беа пречекани од премиерот Педро Санчез. Тој им честиташе за борбеноста, посветеноста и фудбалот што го прикажаа на турнирот, истакнувајќи дека финалињата не се само за играње, туку за освојување.

epa13123638 Fans wait for the open-top bus parade of the Spanish national soccer team to celebrate the FIFA World Cup win, in central Madrid, Spain, 20 July 2026. Spain beat Argentina in the 2026 World Cup final match 1-0 on 19 July. EPA/FERNANDO VILLAR

Санчез додаде дека Шпанија во последниот период има совршен ефект на големите натпреварувања и дека оваа генерација повторно ја донела земјата на врвот на светскиот фудбал.

Вистинскиот спектакл започна кога фудбалерите се качија на отворен автобус и тргнаа кон легендарниот плоштад Сибелес, традиционалното место за прослави на големи спортски успеси во Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ