вторник, 21 јули 2026

Штип УГД се засили со еден од најдобрите македонски репрезентативци

Шампионот со звучно засилување во своите редови, штипјани го донесоа Александар Љафтов.

Објавено на

часот

Сподели

Репрезентативниот примач и еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е нов член на македонскиот првак Штип УГД.

Љафтов е еден од носителите на македонската репрезентација повеќе од 15 години. Има настапувано во многу клубови во Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Италија, Саудиска Арабија, Грција.

Беше една од главните алки на македонската репрезентација, со која настапи на Европските првенства 2019, 2021 и 2023 година, а со националниот тим има освоено: сребрен медал – European League 2015, сребрен медал – European League 2016, сребрен медал – European League 2017 и сребрен медал – European Silver League 2021.

„Му посакуваме топло добредојде во Штип, добро здравје, многу трофеи и успеси на домашен и меѓународен план“, стои во пораката од Штип УГД.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ