„Кочани многу добро знае што значи да се поминува низ тешки моменти. Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака, поддршката и солидарноста што ја добивме од општините, институциите, компаниите и граѓаните од целата држава кога нам ни беше најтешко. Токму затоа, денес е наша должност да бидеме покрај оние на кои им е потребна помош. Транспортот и доставата на водата до Гостивар се организирани од Општина Кочани и КЈП Водовод“, се наведува во соопштението на Општина Кочани.

Од кочанската локална самоуправа упатија поддршка до граѓаните на Гостивар, со желби што поскоро да ја надминат состојбата и да се вратат во нормалното секојдневие.





