вторник, 21 јули 2026

Мисајловски: Турција е долгогодишен пријател и значаен партнер на Македонија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, унапредување на нашето сојузништво во НАТО и реализација на бројни иницијативи што придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и развој на одбранбените капацитети. Република Турција е наш долгогодишен пријател и значаен партнер, чија континуирана поддршка има особено значење за развојот и модернизацијата на македонската Армија“, напиша Мисајловски на неговиот профил на Фејсбук.

Тој им посака многу успех во нивните идни професионални ангажмани и добро здравје, со уверување дека силните врски меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се зацврстуваат и во периодот што следува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ