вторник, 21 јули 2026

Природни извори на колаген што вреди да ги вклучите во секојдневната исхрана

Колагенот е еден од најважните протеини во човечкото тело, кој придонесува за еластичноста на кожата, здравјето на зглобовите и цврстината на косата, ноктите и сврзното ткиво. Бидејќи неговото природно производство се намалува со возраста, многу луѓе се обидуваат да го надополнат неговото внесување преку секојдневната исхрана.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Најголеми количини колаген се наоѓаат во храната од животинско потекло, а правилната подготовка може дополнително да ја зголеми неговата искористливост.

Еден од најдобрите природни извори на колаген се домашните чорби и супи направени од говедски или телешки коски, ‘рскавица и зглобови. Долготрајното готвење, кое трае помеѓу шест и 12 часа, овозможува ослободување на колаген, желатин, аминокиселини и минерали, што ги прави овие супи исклучително хранливи.

Меѓу намирниците богати со колаген се издвојуваат и пифтиите. Ова традиционално јадење, подготвено без дополнителни адитиви, содржи големи количини природен колаген, кој може да биде вреден дел од урамнотежената исхрана.

Пилешкото месо, исто така, претставува добар извор на овој протеин, особено деловите како кожата, крилјата и вратот, кои содржат многу сврзно ткиво.

Рибата е уште една намирница богата со колаген, а рибниот колаген организмот полесно го вари. Особено се препорачуваат кожата од лосос, како и домашните рибни чорби.

Освен намирниците што директно содржат колаген, постојат и такви што го поддржуваат неговото природно создавање во организмот. Меѓу нив се јајцата, особено жолчката, полномасното млеко, путерот, свежото сирење, павлаката, говедското и телешкото месо.

Овие намирници содржат аминокиселини како што се глицинот и пролинот, кои се вклучени во формирањето на колагенот. Затоа, секогаш кога е можно, предност треба да се даде на квалитетна и домашно приготвена храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ