На 20 јули во 23:55 часот на улицата „Пано Мударов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Н. (39) од Неготино.
При спроведена сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило опел со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Н., при што било констатирано дека вози под дејство на алкохол. Со алкотест му биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта.
Возачот бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на 20 јули во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П. (34) од Градско, откако неговиот 55-годишен татко пријавил дека синот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му упатувал закани.
При преземените мерки и проверки било утврдено дека С.П. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени дури 3,35 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по расчистување на настанот против него ќе следува соодветна пријава.





