Два брода од Романската агенција за спасување на море набрзо пристигнаа на местото на инцидентот. Целиот екипаж беше евакуиран, а тројцата повредени членови беа транспортирани на копно, потврди претседателот. Според информациите од порталот „Диги24“, танкерот се наоѓа на 26 километри од брегот, спроти градот Сфанту Георге.
На локацијата е испратен влекач за да го следи бродот за да не плови неконтролирано и да ја загрози безбедноста на пловидбата. Бродот сè уште гори, а на сите бродови во близина им е издадено предупредување да ја избегнуваат опасната зона.
Романскиот претседател Никусор Дан изјави дека се утврдуваат сите околности и причини за инцидентот. „Државните служби се во состојба на зголемена готовност. Се утврдуваат околностите, причините и одговорните за овој сериозен инцидент, кој најверојатно е дел од нелегалната руска агресија врз Украина“, нагласи Дан. Извори велат дека потеклото на поморскиот дрон, за кој се сомнева дека го погодил бродот, сè уште не е познато.
În cursul nopții trecute, nava LPG Gas Lisbon, sub pavilion liberian, a fost lovită în afara apelor teritoriale ale României, la aproximativ 20 de mile marine în largul țărmului românesc.
⁰La scurt timp după incident, două nave ale Agenției Române de Salvare a Vieții Omenești pe…— Nicușor Dan (@NicusorDanRO) July 21, 2026
Инцидентот се случи само два дена откако руските сили извршија ракетен напад врз трговскиот брод „Златен лав“ во Црното Море во близина на Одеса, завчера. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и превезувал жито.
Во нападот загина украински пилот и уште 17 членови на екипажот, меѓу кои и сириски и индиски државјани. Украинската управа за морски пристаништа подоцна објави дека вкупниот број загинати лица во нападот врз „Златниот лав“ е десет.





