вторник, 21 јули 2026

Силно невреме го зафати Скопје, Кризниот штаб на градот е на терен

Силно невреме го зафати Скопје поладнево. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен за што побрзо и поефикасно справување со невремето. Според сведоштвата на читатели на МКД.мк, најпогодени се населбите Маџари, Лисиче, Трубарево и Автокоманда, каде што силниот ветер предизвикал сериозни проблеми. Невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го зафатило Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Според сведоштвата на читатели на МКД.мк, најпогодени се населбите Маџари, Лисиче, Трубарево и Автокоманда, каде што силниот ветер предизвикал сериозни проблеми. Граѓаните сведочат дека дрвја паѓале на улиците, ветерот носел канти за отпадоци и градинарски столчиња, а условите за возење биле исклучително опасни.

„Едвај стигнав. Како возиш, така дрвја паѓаат пред автомобилите“, наведува читател на МКД.мк кој попладнево се враќал дома во Скопје по неколкудневниот одмор.

Од Град Скопје информираат дека е воспоставена постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено справување со последиците од невремето.

„Сите расположливи капацитети се ставени во функција за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами“, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ги повикаа граѓаните да останат внимателни, да ги следат препораките на институциите и да соработуваат со службите на терен.

За итни случаи и потреба од помош, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 078 207 687.

Според Град Скопје, службите остануваат целосно мобилизирани, а екипите ќе бидат на терен сè додека тоа го налага состојбата.

Невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го зафатило Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ