Во Скопје денес не летаа само гранки и не паѓаа само дрвја. Некои покриви очигледно проценија дека е подобро да го дочекаат невремето на друга адреса.
Ова се случи пред 1 минута. Центар. pic.twitter.com/6FfLhulxiQ
— НеМеГибај (@Crypto06cepbep) July 21, 2026
Во нормални држави невремето открива паднати гранки. Кај нас открива како се градело, како се надградувало и колку навистина вределе парите вложени во „реконструкции“.
— Бајко (@abajkovMKD) July 21, 2026
По секое невреме следуваат истите прашања: кој градел, кој надгледувал и кој ќе одговара? А одговорите, по правило, ги однесува ветерот.
Ај можеби вака ѓубрето само ќе си го најде патот до депониите.
Видео: социјални мрежи





