вторник, 21 јули 2026

Одбран тимот кој најмногу разочара на Светското првенство

Иако Светското првенство донесе бројни индивидуалци кои блеснаа, имаше и фудбалери кои не ги оправдаа очекувањата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот „ЕСПН“ го објави својот тим на најголемите разочарувања на турнирот.

На голманската позиција се најде Фернандо Муслера, а во одбраната се Џошуа Кимих, Вирџил ван Дајк, Марк Геи и Нико О’Рајли.

Средниот ред го сочинуваат Федерико Валверде, Скот Мектоминеј и Бруно Фернандеш, додека во офанзивниот дел се Флоријан Вирц, Кристијан Пулишиќ и Нејмар.

Според „ЕСПН“, сите тие пристигнаа на Мундијалот како едни од главните адути на своите репрезентации, но не успеаја да го прикажат нивото кое се очекуваше од нив и затоа се најдоа во изборот на најголемите потфрлувања на шампионатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ