вторник, 21 јули 2026

Велосипедист загина во судир со автомобил

Трагична сообраќајна несреќа се случи попладнето на 20 јули на локалниот пат Кочани – Брана Гратче, при што животот го загуби 65-годишен велосипедист од Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 15:30 часот и во неа учествувале патничко возило шкода со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б. (51) од Кочани, и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65), исто така од Кочани.

Во судирот велосипедистот се здобил со тешки повреди, на кои им подлегнал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кочани.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ