Како што информираат од МВР, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, Одделението за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава по брза постапка против А.М. (41) и Ј.Р. (34), двајцата од Скопје.
Кривична пријава за двајцата осомничени за силување на 32-годишната жена од Србија
Двајца жители на Скопје се кривично пријавени под сомнение дека извршиле кривично дело „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Објавено на
часот
Сподели
Според сомнежите, на 17 јули околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, тие со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија со престојувалиште во Скопје.
Осомничените биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка за времено одземање на патните исправи.





