вторник, 21 јули 2026

ФИФА отвори истрага против Аргентина за скандалозното однесување во финалето

Светската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во кои беа вклучени членови на поразената репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

ФИФА отвори дисциплинска постапка поради инциденти во кои беа вклучени неколку членови на аргентинската репрезентација по финалето на Светското првенство против Шпанија, објави „Скај Спортс“. Светската куќа на фудбалот ќе ги анализира судиските извештаи и видео снимките од натпреварот пред да одлучи дали да изрече санкции.

Меѓу настаните што ќе бидат испитани е и исклучувањето на Леандро Паредес поради агресивно однесување по последниот свиреж. Тој ги нападна Шпанците Ерик Гарсија и Гави со тупаници за време на прославата по завршувањето на натпреварот.

Се истражуваат и постапките на Нахуел Молина, кој го удри Родри за време на прославите, како и наводната вмешаност на помошникот селектор на Аргентина, Роберто Ајала, во судирите кога го турнал Дани Олмо.

Покрај физичките пресметки, ФИФА ќе го оцени и однесувањето на аргентинската делегација за време на церемонијата на доделување на наградите. Неколку играчи им свртеа грб додека Шпанија го крена трофејот на Светското првенство, гест што предизвика сериозни контроверзии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ