Според последните информации, првите чекори се веќе направени. Легендарниот Паоло Малдини викендов отпатувал во Барселона, каде имал директна средба со поранешниот тренер на Манчестер Сити.
Станува збор за прв официјален контакт меѓу двете страни, со кој Гвардиола повеќе не се смета само за желба на Италијанците, туку за реална опција за преземање на „аѕурите“.
Засега не е познато како завршиле разговорите, ниту дали шпанскиот стратег е подготвен да ја прифати понудата. Сепак, јасно е дека Италија сака токму Гвардиола да ја предводи националната селекција во следниот циклус.





