понеделник, 20 јули 2026

Откриена атмосфера околу карпеста планета: Нови траги од живот во вселената?

Истражувачите велат дека нивното откритие го дава најсилниот доказ досега дека светови со услови слични на Земјата би можеле да постојат надвор од нашиот Сончев систем.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Гасот откриен во атмосферата е хелиум, кој не би можел да поддржува живот, но може да бидат присутни и други гасови.

Водечкиот автор Колин Черубим од Универзитетот Харвард го опиша откритието како „голема работа“.

„Ова е првпат некој да открие атмосфера на карпеста планета во зоната погодна за живот на друга ѕвезда“, изјави Черубим.

Планетата, наречена ЛХС 1140б, е оддалечена 48 светлосни години од Земјата и кружи околу црвена ѕвезда многу помала и постудена од Сонцето.

Повеќе од 6.000 светови се откриени во орбитата околу далечни ѕвезди. Но, новото откритие е значајно затоа што нè приближува чекор поблиску до една од најголемите награди во науката: откривање живот на друг свет.

Истражувачите објаснија во списанието „Саенс“ дека за една планета да може да поддржува живот, таа мора да има вода и да биде на соодветно растојание од својата ѕвезда, пренесува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ