вторник, 21 јули 2026

Mинистерство за здравство: Се намалува бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

Од вчера се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, се вели во соопштението на Министерството за здравство кое ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Во Општата болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на домашно лекување. Досега се доставени 140 формални пријави, кои се обработуваат од епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје, и се спроведени 81 епидемиолошка анкета.
Вчера се евидентирани вкупно 564 новопрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом, што покажува намалување во споредба со претходниот ден кога биле евидентирани 649 новопрегледани пациенти и кога беше достигнат најголемиот број на новопрегледани пациенти во тек на еден ден.
Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности, информира Министерството за здравтсво и апелира граѓаните да ги следат официјалните препораки, да одржуваат редовна хигиена на рацете, а лицата со повраќање, дијареја, покачена температура или знаци на дехидратација навремено да побараат медицинска помош.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ