Во соопштението на Комисијата се вели дека „Али Експрес“ е казнет за кршење на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи не успеал соодветно да процени дали има доволно вработени за да ги контролира производите што се продаваат на неговата онлајн платформа и бидејќи неговиот систем за препораки прво им нудел нелегални производи на корисниците, кои подоцна ги повлекувал.
Комисијата тврдеше дека системот на компанијата за откривање нелегални производи не функционира правилно, дека компанијата не ги спроведувала соодветно своите правила за казнување на трговците кои продавале нелегални производи и дека не успеала да спречи продажба на фалсификувани производи.
„Али Експрес“ има рок до 20 октомври оваа година да поднесе акционен план до Комсисијата за исправка на пропустите.
Законот за дигитални услуги на Европската Унија претставува сеопфатна правна рамка за одговорност во дигиталните услуги, регулирање на дигиталната содржина и транспарентност на дигиталните платформи во Унијата.





