вторник, 21 јули 2026

Синоќа невреме и во Општина Ново Село

Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, Ново Село-Мокриево, Мокрино-Смолари и Смолари- Ново Село, известија вчера од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Заради невремето кое денес ја зафати нашата општина има многу паднати дрјва, бандери и оштетени кабли и жици за електрична енергија. Нашите екипи заедно со екипите на ЈП „Македонија пат“ веќе се на терен и работат напорно, но штетите се преголеми и ќе бидат потребни неколку часови за да се нормализираат и исчистат патиштата“, се наведува во вчерашното известување од Општина Ново Село.

Инаку, освен во Ново Село невремето предизвика штети и во поширокиот Струмички регион, Радовишко, Куманово, Делчево…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ