Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничениот најмалку девет пати изнесувал стока од објектот во торби за пазарење.
Материјалната штета се проценува на неколку илјади евра, пренесува Шпигел.
По кражбата, мажот дел од украдената стока, вклучувајќи и колачи, им делел на минувачите во блискиот парк, што предизвикало сомнеж кај граѓаните кои ја известиле полицијата.
Полициските службеници набрзо го пронашле и го уапсиле осомничениот.





