Откако Ормускиот Теснец беше блокиран, Саудиска Арабија за извоз на нафта го користи нафтоводот до Црвено Море, па евентуалното попречување на пловидбата низ теснецот Баб ел Мандеб би можело дополнително да ги наруши испораките.
Новинската агенција САБА, која е под контрола на хутите, соопшти дека шест бродa ја промениле рутата по предупредувањето на бунтовничката група, но агенцијата Асошиеjтед прес наведува дека не можела независно да го потврди тоа тврдење.
Тројца претставници на хутите изјавиле дека меѓународните бродски компании биле предупредени да избегнуваат пловидба низ теснецот Баб ел Мандеб.





