среда, 22 јули 2026
По невремето во главниот град

Делови од Скопје 20 часа се без струја, на телефонот за информации на ЕВН никој не се јавува

По вчерашното невреме, делови од Скопје повеќе од 20 часа се без електрична енергија. На телефонскиот број 02/3205-300 оставен од ЕВН за пријавување и информации за дефекти два дена ќе слушнете музика и истата реченица: „Во моментов сите оператори во контакт центарот се зафатени“. Никој од граѓаните кои постојано вртат, не може да добие информација до кога ќе нема струја.

Објавено на

часот

Сподели

Без електрична енергија се делови од Долно Лисиче и Јурумлери, а се чека официјална информација од ЕВН за оваа состојба.

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информираше утрово Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции.

Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

Оштетени се и повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ