Во координација со Град Скопје, службите работат на расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.
Засилени активности на Комунална хигиена за расчистување на Скопје по невремето
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје од синоќа и во текот на утрово спроведуваат засилени активности за расчистување на последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.
Фото: Комунална хигиена
Објавено на
часот
Сподели
На терен се спроведуваат рачно и машинско метење и миење, а екипите се ангажирани и на враќање на садовите за одлагање отпад што биле изместени од силниот ветер и невремето.
Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, сè до целосно расчистување и санирање на последиците од невремето.





