среда, 22 јули 2026

Зошто милиони луѓе имаат проблеми со спиењето

Научници од Кина открија изненадувачка причина зошто милиони луѓе ширум светот имаат проблеми со спиењето. Не станува збор за неудобни перници или преоптоварени мисли, туку за цревата.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Новата студија, спроведена во Придружната болница за мозок на Медицинскиот универзитет во Нанџинг и објавена во медицинското списание „Општа психијатрија“, ја испитуваше врската помеѓу поспаноста и присуството на одредени видови бактерии во дигестивниот систем.

Д-р Ши истакна дека резултатите дополнително го потврдуваат постоењето на сложена, двонасочна врска помеѓу несоницата и цревниот микробиом. Со други зборови, не само што несоницата влијае на бактериите во цревата, туку нивниот состав може да влијае и на квалитетот на спиењето, пренесува Еуроњуз.

Овие откритија отвораат можност за нови пристапи во лекувањето на несоницата, како што се регулирање на нивото на цревните бактерии со примена на пробиотици, пребиотици или дури и трансплантација на фекална микробиота. Сепак, д-р Ши нагласува дека студијата има одредени ограничувања кои бараат дополнителни истражувања.

Пред сè, сите учесници во истражувањето биле од европско потекло, што е важно бидејќи составот на микробиомот се разликува меѓу популациите од различни етнички и географски групи. Исто така, во анализата не биле земени предвид фактори како исхраната и начинот на живот, иако е познато дека тие имаат значително влијание врз цревните бактерии, како и врз сложениот однос помеѓу гените и животната средина.

Според проценките на британската Национална здравствена служба, околу една третина од Британците страдаат од несоница, а слична состојба е забележана и во Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ