Трамп на својата социјална мрежа објави графика со споредба на бројот на загинатите американски војници во војните во Авганистан, Ирак, Виетнам, Кореја и Иран.
„Воен конфликт со Иран: четири месеци, 18 загинати“, стои на графиката што ја објави Трамп.
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) претходно соопшти дека во иранскиот напад врз американска база во Јордан на 17 јули загинале двајца американски војници, додека еден се водел како исчезнат. Пентагон тогаш објави дека е утврден идентитетот на двајцата загинати и дека истрагата за инцидентот е во тек.
ЦЕНТКОМ, исто така, соопшти дека на 18 јули во Ирак загинал уште еден американски војник при контролирано уништување неексплодирана боева глава од иранско беспилотно летало.
По тој инцидент бројот на загинатите американски војници во војната, која почна во февруари со нападите на САД и Израел врз Иран, се зголеми на 17. Трамп сега објави дека бројката се искачила на 18.





