вторник, 21 јули 2026

Зеленски го разреши врховниот командант на украинската армија по неколкудневните протести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши врховниот командант на вооружените сили, Олександр Сирски, само неколку дена по смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров, потег што предизвика протести низ Украина, објави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првичните шпекулации дека заминувањето на Федоров е поврзано со судир меѓу него и Сирски подоцна се потврдија.

Триесет и петгодишниот Федоров беше оценуван како клучна фигура во модернизацијата на Министерството за одбрана и украинската армија, а беше заслужен и за кампањата против корупцијата.

Шеесетгодишниот Сирски, пак, многумина во Украина го сметаат за командант од советската воена школа, кој не бил подготвен да спроведе подлабоки реформи во армијата.

На негово место е именуван Михајло Драпатиј, популарен генерал со долгогодишно борбено искуство.

Во видеообраќање објавено вечерва, Зеленски му се заблагодари на Сирски за неговите воени операции, особено за улогата во успешната одбрана на Киев во првите денови од целосната руска инвазија во 2022 година.

Претседателот откри и дека претходно истиот ден се сретнал со Федоров и му понудил „достојна функција во власта“, без да прецизира дали тој ја прифатил понудата.

Минатата недела Федоров беше заменет со Јевхениј Хмара, поранешен висок функционер на украинската Служба за безбедност (СБУ).

„Сите одлуки ќе бидат формализирани утре“, изјави Зеленски.

Федоров засега не соопштил дали ќе ја прифати новата функција што му ја понудил украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ