Од ДЗС велат дека операторите на 112 работат во полн капацитет, а уште во првиот час од невремето биле ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици.
„И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби. Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици. Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби“, апелираат од ДЗС.





