вторник, 21 јули 2026

Непроодни улици во Кочани и Струмица, Чешиново – Облешево и Босилово остана без струја

Силно невреме го зафати Кочани и регионот денеска во доцните попладневни часови. Ветерот и водената стихија петнаесетина минути носеле сѐ пред себе. информираше градоначалникот Владко Грозданов. Градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов соошти дека поради искинат кабел општината е без струја. Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое по втор пат за 24 часа ги зафати струмичко и радовишко, предизвика големи штети.

Објавено на

часот

Сподели

Првичните информации велат дека повеќе сообраќајници во градот се непроодни поради искршени стебла од дрворедот, неколку куќи се останати без кров, во селото Бање, според изјавата на градоначалникот Влатко Грозданов, има пожар во куќа.

Грозданов е на терен со припадниците на ТППЕ и на ДПД Кочани. Повикува на смиреност и на пријавување на штетите во Центарот за управување со кризи или на веб страницата на Општината.

Општината Чешиново – Облешево е без електрична енергија, како што информира градоначалникот Јорданчо Костадинов, поради искинат електричен кабел, паднат на регионалниот пат кој минува низ Облешево. Сообраќајот на овој патен правец од превентивни причини е во пречник. Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Костадинов најавува формирање на кризен штаб, кој треба да ја утврди состојбата во текот на утрешниот ден, по што ќе бидат преземени соодветни мерки.

Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое по втор пат за 24 часа ги зафати струмичко и радовишко, предизвика големи штети.

Според информациите од терен, настрадаle голем број пластеници во струмичко од кои ветрот го искина најлонот, регистрирани се повеќе паднати дрвја, кабли и жици за пренос на електрична енергија, бандери, а оштетени се и повеќе автомобили.

Од невремето општинскиот центар Босилово е без струја, а според објавата на градоначалникот Ристо Манчев, ЕВН прави се што е во нејзина моќ да нормализира снабдувањето со електрична енергија.

Во Радовиш, пак, силниот ветер искршил дел од  стариот градски јавор, стар повеќе од 600 години, а на повеќе локации низ градот има паднати дрвја и гранки.

Според информацијата од ТППЕ Радовиш, мобилизирани се четири екипи со вкупно 13 пожарникари кои работат на oтстранување на последиците од невремето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ