вторник, 21 јули 2026

УХМР предупредува, невремето од Албанија и Косово се движи кон Македонија

Невремето во Албанија и Косово во моментов се движи кон Македонија! Ова невреме можно е да биде со поизразени врнежи и град, а не ветер, објави на официјалниот фејсбук профил Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Силното невреме проследено со пороен дожд, олуен ветер и грмежи што попладнево ја зафати земјава. Преку бројот за итни повици 112 се регистрирани повеќе од 1.000 повици од граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), невремето нема да стивне.

„Невремето во Албанија и Косово во моментов се движи кон Македонија! Ова невреме можно е да биде со поизразени врнежи и град, а не ветер“, објавија од УХМР на официјалниот фејсбук профил.

Силното невреме проследено со пороен дожд, олуен ветер и грмежи што попладнево ја зафати земјава зад себе остави повредени лица, откорнати покриви, стотици паднати дрвја, оштетени возила и блокирани улици. Најтешко погодено е Скопје, каде само преку бројот за итни повици 112 се регистрирани повеќе од 1.000 повици од граѓани. Најтешко погодено е Скопје, каде силниот ветер откорна покриви од училишта и згради, оштети десетици возила и блокира улици. Невремето направи штети и во Куманово, Штип, Кочани и Виница, додека Стар Дојран синоќа остана зад себе со големи материјални последици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ