„Патогените бактерии како ешерихија коли, салмонела и џардија ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав“, објави д-р Ристески.
Штетните долгорочни последици, како што посочува, вклучуваат хронично воспаление и синдром на пропустливи црева, долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево и хронична дијареа, колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води, нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања и влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери.
„Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на гостиварчани? Колкав е финансискиот импакт?“, прашува доктор Ристески.
МИА





