вторник, 21 јули 2026

До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, четири сè уште се активни

До 18 часот денеска, во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, два се ставени под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите кај депонијата во штипското село Пенуш, во прилепското село Локвени каде што гори ниска вегетација и шума, како и кај крушевските села Јакреново, каде е зафатена нискостеблеста шума, и Пресил, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите кај депонијата во василевското село Доброшинци и на градската депонија во Кочани.

Во меѓувреме, изгаснати се осум пожари, меѓу кои и пожарите на улицата „Иван Иванов Балашо“ во Кочани, каде што горела ниска вегетација, како и во селото Садларево, Општина Желино, каде исто така била зафатена ниска вегетација.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење и престој на отворено и навремено да пријавуваат појава на пожари на надлежните служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ