На булеварот „Октомвриска револуција“ ветерот откорнал кровови од неколку гаражи, кои паднале врз паркирани автомобили и предизвикале материјална штета.
„Штом почна силно да дува, крововите буквално полетаа. За среќа, во дворот немаше никој. Лимовите удрија во еден од електричните столбови, а потоа паднаа врз автомобилите. Страшно беше да се гледа“, раскажува една од станарките.
Невремето започна околу 17 часот и беше проследено со силни налети на ветер, кои носеа сѐ пред себе.

Од Општина Куманово ги повикаа граѓаните на кои им е потребна помош по невремето да се обратат до надлежните служби.
По силното невреме што го зафати Куманово, екипите на јавните комунални претпријатија и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) се на терен и работат на санирање на последиците. Граѓаните на кои им е потребна помош за отстранување на штетите можат да се јават кај овластеното лице од Општина Куманово, Даниел Спиридонов, на телефонскиот број 071 338 034. За итни интервенции на располагање е дежурниот телефон на ТППЕ Куманово – 193“, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.





