вторник, 21 јули 2026

На клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко

Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски.

Објавено на

часот

Сподели

„Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака“, изјави д-р Мерџаноски за МИА.

Силното невреме проследено со пороен дожд, олуен ветер и грмежи што попладнево ја зафати земјава зад себе остави повредени лица, откорнати покриви, стотици паднати дрвја, оштетени возила и блокирани улици. Најтешко погодено е Скопје, каде само преку бројот за итни повици 112 се регистрирани повеќе од 1.000 повици од граѓани. Најтешко погодено е Скопје, каде силниот ветер откорна покриви од училишта и згради, оштети десетици возила и блокира улици. Невремето направи штети и во Куманово, Штип, Кочани и Виница, додека Стар Дојран синоќа остана зад себе со големи материјални последици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ