Во пријателска и конструктивна атмосфера разговарале за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес.
„Оваа историска посета претставува значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави и потврда на заедничката определба за градење посилни врски во иднина“, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.





