Владата на Бугарија претходно соопшти дека ќе побара одобрување од Парламентот за стационирање до осум американски авиони-цистерни во воздушната база во земјата, членка на НАТО и ЕУ, пренесува агенцијата Ројтерс.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што ги олеснува американските напади врз Иран е еднаква на соучество во она што тој го нарече „агресија и воени злосторства“, објавија иранските државни медиуми.
Багеи ја повика Бугарија да не станува „соучесник на агресорите и прекршителите на законот“, објавија медиумите.
Авионите-цистерни се користат пред сè за полнење на резервоарите за гориво на други авиони за време на летот.
Бугарската влада има намера да стационира американски авиони во воената база Безмер, 260 километри југоисточно од Софија.
САД и Иран ги засилија нападите откако пропадна Меморандумот за разбирање за привремен прекин на огнот потпишан пред еден месец, зголемувајќи ја можноста за враќање на тотална војна меѓу нив.





