Сиљановска Давкова во своето обраќање посочи дека Индија се појави како економски двигател во светот, којшто е дефинирана од неверојатен развој и адаптабилност кон модерните предизвици, со тоа што ја совладавте вештачката интелигенција и дигиталната трансформација.
„Во подготовка за вашата посета и за овој бизнис форум, научив дека овие неверојатни постигнувања на вашата земја се дел од визијата на Виксит Барат, којшто беше разработена во Индија за до 2047-тата година. Ова е и визија којашто ѝ помага и на нашата визија и стратегија 2044 и политиките на нашата влада. Како европска земја, нашата стратешка цел е членството во ЕУ. Неодамна, Унијата склучи историски договор за слободна трговија со Индија. Го гледаме ова како силно поттикнување да соработуваме економски со Индија, да ја зајакнеме нашата трговија, особено во автомобилската индустрија, фармацевтската индустрија, металургијата, производството на храна, како и дигиталните технологии“, рече таа.
Претседателката посочи дека како земја, ние сме отворени за мултидимензионална економска соработка со Индија, истакнувајќи дека моменталната трговска размена е скромна и достигнува помалку од 133 милиони долари минатата година.
„Ова не ги одразува нашите одлични политички односи и големиот потенцијал за економска соработка. Убедена сум дека можеме да имаме многу, да направиме многу повеќе од неколку причини. Прво, состојбата на вашата, на нашата економија. Според Евростат, ние сме на петто место во однос на растот на БДП во Европа. Само во јуни оваа година имавме најниска инфлација, стапка на инфлација во споредба со сите земји во нашиот регион. Како што веќе и слушнавме денес, во април оваа година, индустриското производство порасна за целосни 7,6 отсто во споредба со април минатата година. Во сите економски и енергетски кризи коишто ги предизвикаа конфликтите, ние покажавме извонредна отпорност“, рече Сиљановска.
Второ, додаде Сиљановска Давкова, нашата земја брзо се трансформира во главен енергетски центар во регионот и раскрсница на стратешки транзитни коридори.
„Воспоставувајќи ги гасните интерконектори со соседните Грција и Србија, го завршуваме важниот проект за зајакнување на регионалната диверзификација и стабилност. Сепак, нашата визија оди подалеку од енергетиката, како дел од Планот за раст на ЕУ, ги модернизираме транспортните коридори 8 и 10 и ја надградуваме клучната железничка врска меѓу Солун, Скопје и Белград. За секој бизнис којшто бара пристап на централноевропскиот пазар, обезбедуваме побрз и посигурен пат. Освен тоа, стопанските комори и бизнисите се отворени за соработка со своите партнери од Индија. Нашите слободни индустриски зони носат одлични можности за странските инвеститори. Разработивме многу договори кои треба да се потпишат што е можно побрзо и да се претворат во конкретни придобивки за нашите граѓани и компании“, нагласи претседателката.
Таа оцени дека доколку Индија е една од глобалните мотори на новите индустрии, како вештачката интелигенција, информатичко-технолошките, телекомуникациската сфера, тоа нè прави нас комплементарни.
„Сите што ќе инвестираат во нашата земја имаат отворени порти кон Европа за бизнис и трговија. Вашата официјална посета е јасен сигнал дека Индија е исто така отворена за соработка со нас. Имајќи предвид дека таа трговија е двонасочна улица, ги поттикнувам македонските компании да воспостават бизнис со Индија – пазар од неколку милијарди и добро образовани луѓе. Јас предлагам една амбициозна, но остварлива цел: во следните пет години да достигнеме барем 400 милиони американски долари во трговска размена“, заклучи претседателката.
Индиската претседателка Друпади Мурму посочи дека економската и трговската врска меѓу двете земји е подготвена целосно да се оствари, но претставува само приказна она што е можно.
„Индија веќе извезува органски хемикалии, електрични машини и текстил во Северна Македонија, пак извезува висококвалитетен мермер кој високо се цени на нашиот пазар којшто е во експанзија. Сакаме да се диверзифицираме и да ја поставиме нашата амбициозна цел за намалување на загадувањето до крајот на оваа деценија преку нашето економско и трговско партнерство. Нудиме можности за заеднички инвестиции во овие можности се во неколку сектори вклучувајќи дигиталната иновација, вештачката интелигенција, фармацевтската индустрија, здравствената индустрија, производството на храна и енергетската и зелена транзиција“, потенцира Мурму.
Таа посочи дека Индија го преобличи нејзиното управување со употребата на дигиталната јавна инфраструктура, алатките како интерфејсот за универзално плаќање или УПИ ја поттикна финансиската инклузија и донесе милиони во формалната економија.
„Ја покануваме Северна Македонија да го отвори следниот следното поглавје во оваа дигитална револуција со поддршка на вашата високо квалификувана, повеќејазична и талентирана работна сила. Индија е исто така предводник во фармацевтската индустрија во светот. Нашиот фармацевтски сектор има желба да инвестира во Северна Македонија преку воспоставување на заеднички производствени капацитети овде. Може да обезбедиме достапна достапно снабдување со медицински направи и лекарства коишто ќе се пласираат на европскиот и глобалниот пазар“, рече Мурму.
Македонија, нагласи таа, има географска и стратешка позиција којашто ја прават идеална дестинација за индиските земјоделски компании.
„Тоа е меѓународен форум којшто го организира Владата на Индија да промовира преку гранична соработка меѓу зелените индустрии и другите сектори во Индија. Исто така, поттикнувам партнерства во стартапите во вашите градови коишто ги зголемуваат истражувањата и можностите за претприемништво. Сајбер безбедноста и дигиталните решенија исто така се област кои треба да бидат истражени. Двете земји се партнери во идентификацијата на доверливи проекти и развивањето на долгорочни трговски можности. Ги поттикнувам стопанските комори, инвестициските агенции и деловните заедници на двете земји да воспостават врски и да ја олеснат размената на деловна активност меѓу двете земји. Исто така, да поттикнат паметни решенија и инвестиција во технологија, транспорт, заеднички компании и создавање на нови работни места“, заклучи Мурму.
Нирмал Кумар Минда, претседател на Здружените трговски и индустриски комори на Индија, порача дека Индија денес е дом на најголемите дигитални инфраструктури, еден жив инвестициски екосистем и една од најмладите работни сили глобално.
„Станавме еден од најдинамичните иновациски екосистеми во светот, со градење производи и услуги за глобалниот пазар. Нашиот опишан со стартапи е еден од најголемите глобално, овозможувајќи иновативни и моќни решенија во вештачката интелигенција, во здравствената технологија, чистата енергија и напредното производство. Ја модернизираме земјата со модерни автопати, коридори, ги модернизираме и шириме аеродромите и пристаништата и логистичка мрежа од следната генерација. Визијата на Индија, преку нејзината програма 2.0, ја трансформира Индија во развиена држава на технологија којашто управува со одржливост и одржлив раст. Ова создава неверојатни можности за меѓународна соработка“, потенцира Кумар Минда.
Македонија, посочи тој, од друга страна, нуди значајни стратешки предности: нејзината географска локација е на крстопатот на важни европски коридори, нејзината вешта работна сила, инвестициите коишто ги води надворешната политика и пристапот до европскиот пазар ја прават Македонија атрактивна дестинација за индиските компании коишто бараат посилно присуство во Европа.
„И затоа веруваме дека дојде време да го развиеме навистина нашето економско партнерство. Трговијата денес е скромна, но вистинската можност лежи во инвестициите, заедничките компании, заедничките мануфактурни компании и растот којшто ќе претводи во иновации. Би сакал да ги подвлечам клучните сектори каде гледаме неверојатен раст: прво, производството и индустриската соработка. Второ, фармацевтската индустрија и здравствената индустрија. Понатаму земјоделството и преработката на храна, како и иновации и вештини“, потенцира првиот човек на Комората на Индија.
На Форумот, покрај министерот за надврешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, се обратија и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерот за дигитална трансфиормација Стефан Андоновски, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи, и директорот на Дирекција за технолошко-индустриски развоијни зони Гоце Димовски.





