вторник, 21 јули 2026

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар во Штип, последица од невремето

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Скопје, д-р Синиша Стојаноски изјави дека поради невремето предизвикана е огромна материјална штета.

Објавено на

часот

Сподели

Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет.

„Пациентите се сместени во делот каде што е суво, каде што нема протекување. Значи, во текот на ноќта ќе видиме, ќе ги префрлиме дел од пациентите на други одделенија со цел да бидат заштитени, да не настанат некои накнадни дождови со кои би се пореметило функционирањето. Некаде околу 15 до 20 пациенти се, бидејќи тоа не е целиот дел од ортопедското одделение и операционата сала на ортопедија. Но, бидејќи имаме и други операциони сали, ќе се адаптира, ќе се прилагодиме за да ги пружиме навреме нашите медицински услуги за населението овде“, изјави Ефтимова.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Скопје, д-р Синиша Стојаноски за МИА изјави дека кај нив не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата.

„Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа е она што можам да го кажам од првичниот увид“, изјави д-р Стојаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ