„Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано“, рече Мицкоски.
На прашањето дали Владата има механизми за помош во ваков случај, Мицкоски одговори потврдно.
„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“, рече Мицкоски.





