среда, 22 јули 2026

„Рускиот Амазон“ повторно на удар: Украински дронови предизвикаа големи пожари (ВИДЕО)

Синоќа, по серијата жестоки украински напади, во Русија избувнаа големи пожари во неколку градови на југот на земјата, додека на целиот окупиран Крим беа регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија. Информациите за нападите врз логистички центри и електроенергетската мрежа ги пренесуваат каналите што ја следат ситуацијата на терен, пишува Киев индипендент.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите објавени на Телеграм, украински беспилотни летала погодиле две трафостаници – едната во окупирана Масандра, а другата во блиската Јалта, што довело до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Проукраинскиот канал Кримски ветер исто така извести за пожар на трафостаница во Јалта по напад со дронови. Проблеми со снабдувањето биле регистрирани и во Алушта, на југот на полуостровот, која исто така била цел на украинските сили.

Истовремено, биле пријавени напади и на југот на Русија. Во Краснодар, според достапните информации, биле погодени магацин на интернет-трговецот Вајлдберис, паркинг за камиони и станбени згради. Компанијата Вајлдберис во јавноста често се нарекува и „руски Амазон“.

Во Невиномиск, во Ставрополскиот крај, бил погоден уште еден логистички центар на компанијата Вајлдберис, каде што по нападот избувнал голем пожар. Киев индипендент напоменува дека не можел независно да ги потврди овие наводи.

Овие напади се дел од пошироката украинска стратегија за напади врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и во окупираните области, со цел ослабување на руските воени капацитети. Со нападите во Краснодар и Невиномиск, бројот на напади врз инфраструктурата на компанијата Вајлдберис во последните неколку дена се искачи на четири.

Во ноќта на 18 јули, Украина веќе изврши два напади врз објекти на оваа компанија – во Електростал, во Московската област, и во Котовск, во Тамбовската област.

Нападите продолжија и во следните денови. Во ноќта на 19 јули, украинските сили погодиле складиште за нафта во Ставрополскиот крај и неколку други цели на окупираните територии. Командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, изјави дека во ноќта на 20 јули неговите сили погодиле седум бродови од руската „флота во сенка“, седум енергетски објекти на Крим и други воени цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ