среда, 22 јули 2026

22 пациенти побарале помош во „Св. Наум Охридски“ по невремето, 11 лица згрижени во ТОАРИЛУЦ

Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ медицинска помош по вчерашното невреме што го зафати Скопје побарале 22 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, додека во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) биле примени 11 лица, од кои тројца со посериозни скршеници.

Објавено на

часот

Сподели

Од 22-та пациенти кои побарале помош во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, додека останатите биле третирани со клинички прегледи и медицински интервенции поради полесни повреди.

„Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување“, изјави директорот на болницата „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, по пуштањето во употреба на реконструираното одделение за трауматологија.

Министерот за здравство Сашо Клековски посочи дека се следат штетите што ги претрпеле здравствените установи и оти по проценката од страна на осигурителните компании ќе се пристапи кон обнова на кровните конструкции.

„Имаме паднати дрвја и во Клиничкиот центар Мајка Тереза, но без повредени. Во Психијатриската болница во Бардовци исто така нема повредени. Таму имаше и неколкучасовен прекин на струјата, кој е веќе отстранет. Има значителни штети и на кровната конструкција во Клиничката болница во Штип. Благодарение на брзата интервенција на градоначалникот Иван Јорданов и на директорот на болницата, штетите се веќе санирани и се работи на нивна проценка. Има штети и на кровната конструкција на ГОБ 8 Септември И Клиничката болница и ГОБ 8 Септември се осигурани, така што осигурителните компании веќе работат на проценката на штетите и веднаш потоа ќе се реагира за да се обезбеди непречено работење на болницата“, изјави Клековски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ