Според анализата објавена од независната експертска мрежа „Ние сме иновација“, повеќе од 90 проценти од пристигнатите одговори содржеле најмалку една суштинска забелешка кон предложениот регулаторен пристап. Поддршката за построго и унифицирано регулирање, според анализата, била значително помала и изнесувала околу два проценти од одговорите.
Овој резултат ја поместува дебатата надвор од рамките на техничка ревизија на европска директива. Прашањето сè повеќе станува поширока расправа за тоа како Европа ќе регулира производи што брзо се менуваат, како ќе ја заштити јавноста од нелегален пазар и дали институциите ќе применат пристап што прави разлика меѓу производите врз основа на докази и ризик.
Најважната порака од процесот на досегашната консултација е дека промените ги засегаат сите, затоа забелешките не доаѓаат од една изолирана група. Тие се доставени и од академската и од истражувачката заедница, компаниите и организациите, како и од индивидуални граѓани. Тоа ја отвора потребата законодавниот процес да ги земе предвид разновидните аргументи и да се потпре на квалитетни докази, а не само на бројот на пристигнати реакции.
Една од централните теми во дебатата е потребата регулативата да прави јасна разлика меѓу различните категории производи според нивниот профил. Ваквиот пристап е важен за да се избегне изедначување на производи кои се различни по начинот на употреба, составот и потенцијалното влијание врз јавното здравје.
Истовремено, специјализираните трговци предупредуваат дека секое идно решение треба да ја зачува и зајакне легалната продажна мрежа. Премногу рестриктивни мерки можат да создадат простор за нелегална трговија, со што се намалува контролата на институциите и се зголемува ризикот за потрошувачите.
Овој ризик е особено релевантен во европски контекст. Европската канцеларија за борба против измами, OLAF, неодамна учествуваше во меѓународна акција во која беа запленети повеќе од 20 милиони фалсификувани цигари и 38,4 тони тутун и тутунски лист, со проценета вредност над 10 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека нелегалниот пазар останува реална закана за потрошувачите, буџетските приходи и јавната безбедност.
Во јавната дебата постојат и ставови дека во законодавниот процес пресудни треба да бидат независноста, транспарентноста и научниот квалитет на доказите. Токму затоа, ревизијата на европските правила за тутунски и никотински производи се очекува да биде еден од поважните тестови за тоа како ЕУ ќе балансира меѓу јавното здравје, контролата на пазарот, борбата против нелегална трговија и иновациите.
Пред европските институции сега стои задачата да креираат регулаторна рамка што ќе биде јасна, применлива и заснована на докази. Наместо едноставен пристап на забрани и изедначување на сите производи, дебатата сè повеќе се насочува кон пропорционална регулатива, подобра контрола и политики што реално можат да дадат резултат во заштитата на јавното здравје.
Комерцијален текст





