Кривични пријави се поднесени против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С. (44) од Србија и Х.Ф.А. (48) од Косово. При извршената гранична контрола и проверка на документите, тие на увид приложиле возачки дозволи за кои било утврдено дека се фалсификувани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, едниот од пријавените приложил фалсификувана хрватска возачка дозвола, вториот фалсификувана германска возачка дозвола, а третиот фалсификувана турска возачка дозвола.
По откривањето на случајот, против тројцата се преземени законски мерки, а по целосно документирање на настанот, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.





