Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: снабдување со вода; отстранување на отпадни води; управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти; уметност, забава и рекреација за 11,3 проценти и Транспорт и складирање за 10,9 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 проценти, Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и Транспорт и складирање за 5,7 проценти.
Во мај 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувала 74.482 денари.





