Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја.
„10-те Бузуки на Домна е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Концертот содржан во програмата на Битолско културно лето е резултат на соработката на Културно информативен центар КИЦ Битола со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.
Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамки на Бит фест.





