„Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење, сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена“, се вели во соопштението од валандовското комунално претпријатие.
Оттаму апелираат до граѓаните да се почитуваат дадените препораки до добивање на официјално известување дека водата е безбедна за употреба.





