среда, 22 јули 2026

Малолетник затекнат зад волан без возачка дозвола, полицијата му го одзеде возилото

Малолетник од општина Зелениково е лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило без да има стекнато право за управување, информира Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

При сообраќајна контрола во скопското село Морани, полициски службеници запреле патничко возило опел со скопски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека зад воланот се наоѓал 17-годишник од селото Добрино, кој управувал со возилото иако нема возачка дозвола.

Поради сторениот прекршок, малолетникот бил лишен од слобода, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител за малолетници. Во рамки на постапката, возилото било одземено.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ