Според Обвинителството, при вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот ја повредил неговата сопруга по претходна караница околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената. Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, повеќе крвни подливи.
„Вечерта на 19 јули, откако оштетената го пријавила во полициската станица и заминала во куќата кај нејзината ќерка, обвинетиот испратил смс порака со заканувачка содржина на телефонот на ќерката дека ако сопругата не се врати дома тој купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Имајќи ги предвид сите околности, а особено фактот дека обвинетиот ги сторил кривичните дела во услови кога е осуден за претходно сторено кривично дело загрозување на сигурноста и му е изречена мерка, условна осуда три месеци, а за која рокот на проверка од една година сѐ уште трае, јавниот обвинител оцени дека е неопходно да предложи да му биде определена мерка притвор додека трае новата постапка против него“, информираа од Јавното обвинителство.





