четврток, 23 јули 2026

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк

Во Градскиот парк во Скопје во тек е акција за засадување нови 60 садници јавор и јасен, информираат од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот“, порачуваат градските власти.

Нагласуваат дека ова е само почеток и додаваат дека ќе го оплеменат Градскиот парк со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

„На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано“, потенцираат од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ