четврток, 23 јули 2026

Влен: Дали случајот со водата во Гостивар наликува на случајот со канализацијата во Зајаз?

Влен обвини дека Арбен Таравари е во спротивност со сопствените изјави, потсетувајќи дека во минатото ја обвинувал тогашната власт дека со негрижа и неактивност ги „труе“ граѓаните на Гостивар, додека за време на својот мандат тврдел дека проблемот со водата ќе биде решен „за следните 100 години“.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водел Таравари, тој не само што не исполнил ниту едно од дадените ветувања, туку не презема ниту политичка одговорност. Потсетуваат и дека двата големи резервоари, кои во 2022 година биле најавени како донација од Швајцарија за трајно решавање на проблемот со водата за пиење, сè уште не се изградени.

„Прашањето е: Каде завршија 7 милиони евра помош од Швајцарија? Друго прашање е: Дали случајот со водата во Гостивар наликува на случајот со канализацијата во Зајаз? Иронијата е голема. Зборовите што Таравари некогаш им ги упатуваше на своите политички противници денес се јасен одраз на неговиот неуспех. Стандардите не можат да се менуваат според политичкиот интерес. Ако во 2017 година секое сомневање беше причина за сериозни обвинувања, денес фактите ја прават ситуацијата уште поалармантна“, велат од Влен.

Од партијата оценуваат дека граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку од одговорност, транспарентност и отчетност, како и безбедна вода за пиење и функционални институции.

„Влен бара целосна одговорност за секој функционер кој не успеал да го заштити јавното здравје и бара целата вистина да излезе на виделина. Никој не може да се крие зад својата функција, партија или молчење. Арбен Таравари мора да им одговори на граѓаните на Гостивар според истиот стандард што го бараше од другите, бидејќи одговорноста не е слоган за опозицијата, туку обврска и кога се води локалната самоуправа“, се наведува во соопштението на Влен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ