среда, 22 јули 2026

Алкалоид тргна во подготовки за новата сезона, промовира и три странски засилувања

Ракометниот клуб Алкалоид ги стартува подготовките за новата натпреварувачка сезона, а промовира и три нови имиња.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за странски капитални засилувања и тоа Матиц Сухолежник и Нејц Цехте од Словенија, како и добро познатото црногорско име Вуко Борозан.

Сухолежник е засилување за позицијата кружен напаѓач и доаѓа од редовите на Слован. Во кариерата беше дел од Целје, Данкерк и Саран во Франција, португалската Бенфика и Загреб.

Засилување за десната бековска позиција е Нејц Цехте. 33-годишниот Словенец е добро познато име бидејќи играше во Еурофарм Пелистер од каде замина во финалистот на Лигата на шампионите, Фуксе Берлин. Во кариерата беше де уште од Кршко, Горење, Хановер и ГОГ Гудме.

Најдобро познато име од тројцата е Вуко Борозан. Контроверзниот Црногорец кој беше дел од Вардар и Охрид во минатата сезона, а има добро искуство во Суперлигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ